КАКО ФУНКЦИОНИРА МЕНТОРИРАНОТО УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА?

1. Гледај

Започни го учењето со гледање снимени видео лекции на македонски јазик. Гледај ги видеата кога сакаш и колку пати сакаш.

2. Повтори

Веднаш по гледањето на инструкциските видеа, превземи ги датотеките за вежбање и обиди се самостојно да ја повториш вежбата.

3. Примени

Стекнатото знаење примени го работејќи на посложени задачи или делови од проекти а потоа трудот испрати му го на твојот ментор.

4. Консултирај

Во термин за 1:1 консултации кој ќе го договориш со твојот ментор ќе добиеш фидбек за сработените задачи и совети за нивно подобрување.

ЗОШТО УЧЕЊЕТО НА ДАЛЕЧИНА СО МЕНТОРИ Е ИДНИНА НА УЧЕЊЕТО?

Заштедуваш време
Учејќи на далечина значи дека не мора повеќе да патуваш до местото на одржување на настава, а било кој курс ти е достапен веднаш.
Заштедуваш пари
Не само што ќе заштедиш на патни трошоци туку и цената на курсевите е пониска, поради пониските оперативни трошоци.
Прилагодливо темпо
Со која динамика ќе учиш зависи само од вас. Ти определуваш колку време ќе одвоиш за учење во текот на денот или неделата.
Локацијата е небитна
Каде и да живееш, ако имаш компјутер и интернет конекција, ќе имаш и своја приватна училница и свои лични ментори.
Флексибилност
Наместо да се придржуваш до туѓи, фиксни термини за настава, сега учењето се прилагодува според твојот распоред на обврски.
Сопствени ментори
Сопствен ментор некогаш беше привилегија само на благородниците и богатите. Сега, тие ти се достапни и на тебе!

Партнери

Заврши ги студиите и ќе ти помогнеме да се вработиш кај нашите партнери

Рекоа за нас

Што велат нашите студенти

Зорица Пановска

раководител на финансии
Инструкциите се многу јасни, добро организирани и водат низ темата чекор по чекор. Тоа ја прави програмата многу лесно разбирлива.

Мирослав Нацевски

сениор софтвер девелопер
"Домашните се подготвени така што се интересни и предизвикувачки за учениците што е од многу голема помош за разбирање и меморирање."

Марјан Трајановски

Проект менаџмент консултант
"Курсот обезбедува исцрпна покриеност и ги дава потребните знаења и вештини потребни во секојдневните задачи и активности."

Иван Митревски

консултант
"Добив можност да учам со брзина која ми одговара и детално и темелно знаење поврзано со мојот професионален интерес."