Adobe Illustrator CC за веб дизајн
Овој курс е креиран за да им помогне на новите дизајнери и оние кои сега влегуваат во дигиталниот свет да разберат како Illustrator се вклопува во модерниот веб дизајн. Курсот ги покрива основните концепти и помага да ја разберете важноста на големината на екраните и разликата помеѓу големината и резолуцијата. Ви помага да прилагодите функционален работен простор и ви демонстрира како да работите со моделите на веб бои. Последното поглавје од курсот се фокусира на прилагодливиот дизајн, а курсот завршува со практична вежба предизвик, во која секој слушател треба да креира сопствен прилагодлив образец.
Теми
- прилагодување работен простор за работа на веб
- модели на веб бои
- прилагодлив дизајн
- точки на прекин
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со дизајн: веб дизајн, графички дизајн, UI & UX дизајн.
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување предзнаења опфатени со курсот:
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
графички & веб дизајнер
Ана Тодоровска е графички и веб дизајнер со 8 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција. Моментално е дел од тимот на маркетинг агенцијата Идеа+, еден од партнерите на веб академијата Еверест. Предизвик ѝ се осмислување на интересни и иновативни комуникациски платформи, герила маркетинг и рекламирање на социјални медиуми.
Courses you might be interested in
-
58 Lessons
-
52 Lessons
-
76 Lessons
-
80 Lessons