Front-end девелопер е програмер кој го пишува кодот за делот од веб страната кој им е видлива на посетителите. Најчесто, работата на front-end девелоперот е да ги претвори датотеките продуцирани од (веб) дизајнерот во HTML, CSS и JavaScript код. Тоа опфаќа основен изглед и распоред на дизајнот на веб сајтот, слики, содржина, копчиња, елементи за навигација и интерни линкови. Крајниот резултат е код кој служи како front-end структура на веб сајтот, која подоцна ја користи back-end девелоперот за да додаде определена бизнис логика и да поврзе бази на податоци и процеси, заедно со останатите процеси.
Front-end девелоперот е одговорен за тоа визуелниот дел од веб страната да е без грешки и да изгледа така како што е дизајниран. Исто така, front-end девелоперот се грижи за видливоста на веб сајтот на различни пребарувачи.
Студиската програма Front-end девелопер се спроведува по програма направена според опис на ова работно место. Како и сите останати студиски програми и оваа програма е составена од три компоненти: едукативен дел, практичен дел и менторски сесии.
1. Едукативeн дел
Едукативниот дел има за цел систематски да го покрие најголемиот број вештините кои задолжително треба да се поседуваат. Овој дел ќе биде составен од повеќе модули кои последователно меѓусебно се надоврзуваат. Секој од составните модули е со предодредено времетраење од еден месец.
2. Практичен дел
Практичниот дел ќе биде составен од определен број задачи кои студентот ќе треба самостојно да ги изработи и достави на оценување до својот ментор.
Забелешка: За Aptana и GitHub не се предвидени посебни практични задачи. Овие алатки ќе се користат за сето времетраење на практичната настава во останатите модули.
3. Менторски сесии
Во рамки на практичната настава, секој студент добива личен ментор кој се грижи за неговиот напредок. Секој ментор е искусен професионалец со повеќегодишно искуство во областа. Неговата обврска е да ги прегледува и оценува изработените задачи на студентот а потоа, во термин кој меѓусебно ќе биде договорен, со студентот одржува 1-на-1 онлајн менторска сесија на која дискутираат за задачите кои ги доставил студентот.
Диплома
По успешното завршување на комплетната студиската програма, студентот добива диплома и звање Front-end девелопер.
НАСТАВНА ПРОГРАМА
Вклучено во цената на студиите:
- личен ментор (ги прегледува трудовите, дава фидбек, објаснува)
- личен асистент (поставува неделни цели и води сметка за вашиот напредок)
- 13 месеци пристап до платформата за учење на далечина
- Обука: Барање работа (Подготвување CV, Мотивациско писмо, LinkedIn профил, стратегии за барање работа, Интервју за работа)
- Обука: Барање клиенти (Основи на фриленсинг, Фриленсинг со Fiverr, Фриленсинг со Upwork)
- Доставување препорака до 200+ партнерски фирми)
Консултации
Доколку имаш прашања на кои не можеш да најдеш одговор, закажи уште денес бесплатни индивидуални консултации. Избери термин кој ти одговара и представник на академијата ќе те побара.
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Courses you might be interested in
-
0 Lessons
-
0 Lessons
-
0 Lessons
-
29 Lessons