fbpx
Специјален попуст за нашите нови детски курсеви. Добијте 30% попуст при регистрација

Најчесто поставувани прашања

Одговори на сите твои прашања на едно место

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Со цел подобрување на конкурентноста на младите на пазарот на труд, веб академијата Еверест во соработка со донаторски организации обезбеди ограничен број ваучери за обуки за дигитални вештини.
Ваучерот е наменет исклучиво за кофинансирање на трошоците за следење за обуки за дигитални вештини, односно за одбрани студиски програми на веб академијата Еверест. Ваучерот покрива најмногу до 50% од вкупниот износ на обуката за дигитални вештини, но не повеќе од 30.000 денари по корисник.
Ваучерот има номинална вредност од 30.000 денари и со него може да се покријат до 50% од вкупниот износ на обуката за дигитални вештини, но не повеќе од 30.000 денари по корисник.
  • Пример 1: Да речеме дека те интересира некоја обука која чини 68.902 денари. Ваучерот ти покрива 30.000 ден. а ти го доплаќаш остатокот од 38.902.
  • Пример 2: Да речеме дека те интересира некоја обука која чини 71.732 денари. Во тој случај ваучерот пак ти вреди 30.000 ден, а ќе мора да си доплатиш уште 41.732 ден.
  • Пример 3: Да речеме дека те интересира некоја обука која чини 55.688 денари. Во тој случај ваучерот ти вреди 27.844 ден и ќе мора да си доплатиш уште 27.844 ден.
За спроведување на оваа мерка обезбедени се ваучери за 50 лица.
Ако си:
  • државјанин на Република Северна Македонија,
  • до 31 април 2023 година не си постар(а) од 29 години,
  • имаш завршено најмалку средно образование, и си
  • доволно брз и не чекаш до последен момент,
во тој случај го исполнуваш условот за добивање ваучер.

ВАЖНО: Бројот на ваучери е ограничен а издавањето на ваучерите оди по принцип „прв дојден- прв услужен“. Затоа, не чекај до последен момент, затоа што најверојатно ќе има и побрзи од тебе.
Ако ги исполнуваш горенаведените одговори тогаш - да, може да аплицираш.
Ако ги исполнуваш горенаведените одговори тогаш - да, може да аплицираш.

ДОБИВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ВАУЧЕРОТ

Добивањето ваучер за кофинансирање на школувањето за дигитални вештини е процес составен од следниве чекори:

1. Поднесување барање. Барањето се поднесува со пополнување формулар поставен подолу на оваа страница.

2. Индивидуално телефонско интервју. По поднесувањето на барањето, ќе те контактираме во рок од 1-2 работни дена за да поразговараме за твоите цели и мотивација.

3. Добивање ваучер. Селектираните кандидати ќе добијат ваучер и договор за школување.

4. Потпишување договор. По потпишувањето и доставувањето договор за школување и уплата на партиципацијата, кандидатите добиваат корисничко име и лозинка.
Едно лице кое ги исполнува условите има право да добие еден ваучер.
Барањето за добивање ваучер за обуки за дигитални вештини може да се поднесе најдоцна до 31-ви март 2023.
Не. Еден ваучер може да се искористи за само една обука.
Штом го добиеш ваучерот, следни чекори се потпишување договор за школување и уплата на остатокот од школарината.
Плаќањето се врши исклучиво онлајн, на следниов начин:

  • На страницата на студиската програма која што сте ја одбрале кликнувате на ADD TO CART а потоа на VIEW CART
  • На следната страница го внесувате кодот на купонот кој се наоѓа во ваучерот
  • На следната страна ги внесувате вашите податоци и бирате начин на плаќање:
  • - ако имате одбрано плаќање со картичка, на следната страна ги внесувате податоците од картичката и го спроведување плаќањето.
  • - ако имате одбрано плаќање преку банка ќе добиете меил со инструкции за плаќање.
Да, се разбира. Во тој случај треба да склучите договор со нашата партнерска организација, ФУЛМ која ќе ви ги обезбеди потребните средства. По склучувањето договор Ви ги исплаќаат парите во готово а потоа вие ги уплаќате парите на нашата сметка а на ФУЛМ им ја плаќате месечната рата.

ФУЛМ нуди можност за кредитирање на студенти, невработени, пензионери, вработени - по извонредно поволни услови. За повеќе детали посетете ја нивната веб страница: www.fulm.com.mk/krediti/

ОБУКИ

Опис на позицијата

Front-end девелопер е програмер кој го пишува кодот за делот од веб страната кој им е видлива на посетителите. Најчесто, работата на front-end девелоперот е да ги претвори датотеките продуцирани од (веб) дизајнерот во HTML, CSS и JavaScript код. Тоа опфаќа основен изглед и распоред на дизајнот на веб сајтот, слики, содржина, копчиња, елементи за навигација и интерни линкови. Крајниот резултат е код кој служи како front-end структура на веб сајтот, која подоцна ја користи back-end девелоперот за да додаде определена бизнис логика и да поврзе бази на податоци и процеси, заедно со останатите процеси. Front-end девелоперот е одговорен за тоа визуелниот дел од веб страната да е без грешки и да изгледа така како што е дизајниран. Исто така, front-end девелоперот се грижи за видливоста на веб сајтот на различни пребарувачи.

Наставна програма

  1. HTML: основи
  2. CSS: основи
  3. CSS: проекти
  4. JavaScript
  5. HTML5: проекти
  6. Aptana Studio 3
  7. GitHub
  8. jQuery: основи
  9. jQuery: проекти
  10. Основи на прилагодлив дизајн
  11. Применет прилагодлив дизајн
  12. Прилагодливи слики
  13. Проекти во прилагодлив дизајн

БОНУС

По успешното завршување на техничката обука, секој слушател добива две сета дополнителни обуки:
  • Наоѓање работа (5 курса)
  • Наоѓање клиенти (3 курса)
Освен тоа, секој од нив ќе добие и писмо со препорака и директно ќе биде им препорачан на партнерите на академијата (над 200 македонски и представништва на странски компании).

Цена на обуката: 68.902 ден

Забелешка:
  • Со ваучерот за обука за дигитални вештини добивате покривање во висина од 30.000 ден.

Вкупно за доплата: 38.902 ден


Опис на позицијата

Back-end-от вообичаено е составен од 3 дела: сервер, апликација и база на податоци. Ако сакате да купите карти за кино или да резервирате авионски лет, вообичаено посетувате некоја веб страна и имате некаква интеракција со front-end-от односно она што можете да го видите. Штом ги внесете вашите податоци, апликацијата ги чува во база на податоци, креирана претходно и поставена на некој сервер. Сите тие информации остануваат таму, на серверот и кога повторно ќе се најавите со корисничко име и лозинка во апликацијата за да ги отпечатите картите, сите податоци се таму во вашата сметка. Лицето кое е задолжено за изградбата и функционирањето на сета оваа технологија се нарекува back-end девелопер.

Наставна програма

  1. HTML: основи
  2. CSS: основи
  3. CSS: проекти
  4. JavaScript
  5. HTML5: проекти
  6. Aptana Studio 3
  7. jQuery: основи
  8. jQuery: проекти
  9. PHP & MySQL: ниво 1
  10. Објектно-ориентирано програмирање во PHP
  11. PHP & MySQL: ниво 2
  12. Symfony 2
  13. GitHub

БОНУС

По успешното завршување на техничката обука, секој слушател добива две сета дополнителни обуки:
  • Наоѓање работа (5 курса)
  • Наоѓање клиенти (3 курса)
Освен тоа, секој од нив ќе добие и писмо со препорака и директно ќе биде им препорачан на партнерите на академијата (над 200 македонски и представништва на странски компании).

Цена на обуката: 71.732 ден

Забелешка:
  • Со ваучерот за обука за дигитални вештини добивате покривање во висина од 30.000 ден.

Вкупно за доплата: 41.732 ден


Опис на позицијата

Front-end дизајнерите може да бидат вклучени во градењето веб-страници, но нивните одговорности започнуваат пред да се изгради страницата. Тие се вклучени во развивање планови за веб-страници и утврдување на кои типови содржини, како што се видеа или графика, ќе бидат вклучени. Тие подготвуваат концепти и предлози и можат да напишат содржина што се користи за промовирање на компанијата или производите на кои им се доделени. Нивните специфични работни задачи може да се разликуваат од еден до друг работодавец. Во некои случаи, овие дизајнери се фокусираат на развој на дизајн. Ова значи дека поголемиот дел од времето можат да го поминат на подготвување на упатства за дизајн на веб-страниците. Тие работат со маркетинг тимови и веб-развивачи за да обезбедат дека планот за дизајнирање е функционален и ги постигнува своите наменети цели. Во помалите компании, тие можат да дизајнираат и создаваат веб-страници, што значи дека може да бидат одговорни за пишување на програмскиот код, така што веб-страницата изгледа и функционира по желба.

Наставна програма

  1. Adobe Photoshop
  2. Photoshop за веб дизајн
  3. Adobe Illustrator
  4. Illustrator за веб дизајн
  5. Проекти со Adobe Photoshop & Illustrator
  6. Визуелен дизајн
  7. Типографија
  8. HTML: основи
  9. CSS: основи
  10. CSS: проекти

БОНУС

По успешното завршување на техничката обука, секој слушател добива две сета дополнителни обуки:
  • Наоѓање работа (5 курса)
  • Наоѓање клиенти (3 курса)
Освен тоа, секој од нив ќе добие и писмо со препорака и директно ќе биде им препорачан на партнерите на академијата (над 200 македонски и представништва на странски компании).

Цена на обуката: 55.688 ден


Забелешка:
  • Со ваучерот за обука за дигитални вештини добивате покривање во висина од 27.844 ден.

Вкупно за доплата: 27.844 ден


Опис на позицијата

UX (user experience) дизајнерот односно дизајнерот на корисничко искуство е задолжен за креирање и подобрување на дигиталните интерфејси на веб сајтови, мобилни апликации и софтверски програми со цел да направи искуството на корисникот да биде без напор и пријатно. Неговата работа помага да се зголеми задоволството на клиентите, да се изгради лојалност кон брендот, и да се осигура дека не постојат било какви елементи присутни во дизајнот кои би можеле да ги одвратат потенцијалните клиенти. Ова опфаќа се’ од мазна навигација до подобрен визуелен изглед и поедноставен процес за регистрација или плаќање. Независно дали станува збор за стартап или голема компанија, процесот на дизајнирање на корисничкото искуство е секаде ист и опфаќа: спроведување истражување корисници (со помош на прашалници, дискусии со фокус групи, онлајн анкети, анализа на задачи), дизајнирање (архитектура на информации, жичени модели, прототипови), тестирање (А/Б тестови, тестови на употребливост, корисничко тестирање на далечина) и имплементација (во соработка со веб девелопери).

Наставна програма

  1. Photoshop CC 2015
  2. Photoshop CC за веб дизајн
  3. Illustrator CC 2015
  4. Illustrator CC за веб дизајн
  5. Проекти со Photoshop & Illustrator
  6. Визуелен дизајн
  7. Типографија
  8. UX за веб дизајн
  9. Вовед во UX
  10. Дизајн на интеракции
  11. Техники на UX дизајн
  12. Axure RP

БОНУС

По успешното завршување на техничката обука, секој слушател добива две сета дополнителни обуки:
  • Наоѓање работа (5 курса)
  • Наоѓање клиенти (3 курса)
Освен тоа, секој од нив ќе добие и писмо со препорака и директно ќе биде им препорачан на партнерите на академијата (над 200 македонски и представништва на странски компании).

Цена на обуката: 64.654 ден


Забелешка:
  • Со ваучерот за обука за дигитални вештини добивате покривање во висина од 30.000 ден.

Вкупно за доплата: 34.654 ден


Опис на позицијата

Една од работите која е заслужна за уште поголема експанзија на веб сајтовите е WordPress. Во моментов, WordPress движи 37% од интернетот а причината е едноставноста во користењето и големиот број теми и додатоци. Да се има интернетот на располагање е неверојатна работа. Никогаш порано луѓето не можеле со таква леснотија да допрат до еден така голем аудиториум. Да се биде блогер односно уредник на блог или веб сајт значи да имате можност да комуницирате со определена публика на определена тема, да споделувате текстови, информации, слики, видеа, линкови до други информации, речиси се’ што би можеле да замислите. Со оглед на тоа што денес постојат огромен број веб сајтови, многу е важно да се осознаат техниките за привлекување што е можно поголем број посетители бидејќи токму тоа е клучно за успехот. WordPress администраторот е задолжен за креирање веб сајт или блог со помош на готови теми, зголемување на неговата употребливост и функционалност со помош на додатоци (плагини), внесување содржини, креирање, уредување и оптимизирање фотографии и илустрации со професионални алатки како Photoshop и Illustrator и употребување техники за оптимизација на содржините за пребарувачи (SEO).

Наставна програма

  1. WordPress
  2. Adobe Photoshop
  3. Photoshop за веб дизајн
  4. Adobe Illustrator
  5. Illustrator за веб дизајн
  6. Проекти со Adobe Photoshop & Illustrator
  7. Основи на SEO
  8. SEO: креирање линкови
  9. Подобрување SEO со употреба на техники за пристапност
  10. WordPress додатоци за SEO

БОНУС

По успешното завршување на техничката обука, секој слушател добива две сета дополнителни обуки:
  • Наоѓање работа (5 курса)
  • Наоѓање клиенти (3 курса)
Освен тоа, секој од нив ќе добие и писмо со препорака и директно ќе биде им препорачан на партнерите на академијата (над 200 македонски и представништва на странски компании).

Цена на обуката: 55.688 ден


Забелешка:
  • Со ваучерот за обука за дигитални вештини добивате покривање во висина од 27.844 ден.

Вкупно за доплата: 27.844 ден


Постојат повеќе причи зошто да нe’ одбереш токму нас:
  • Зад Еверест стои искуство стекнато во изминативе 28 години (20 години во традиционален пристап во учењето преку Академија на ИТ Alexandria, 8 год во учење на далечина со MyMentor)
  • Искусни ментори кои несебично ќе ти го пренесат своето искуство
  • Учење со распоред и динамика која може да се прилагодува
  • Целосно онлајн учење со помош на ментори
  • Учење преку практична работа на реални проекти
  • Помош при вработување
  • Два дополнителни сета кариерни обуки:
    • Барање работа, 5 курса и
    • Барање клиенти, 3 курса (за фриленсери)
По завршувањето на обуката добиваш:
  • Диплома
  • Препорака за вработување (во pdf)
  • Циркуларен допис до сите партнери на академијата
  • Два дополнителни сета кариерни обуки:
    • Барање работа, 5 курса, и
    • Барање клиенти, 3 курса (за фриленсери)

НАСТАВА

Учењето на далечина се изведува по методологијата менторирано учење на далечина, како комбинација од асинхрони и синхрони методи за учење:

11. ГЛЕДАЊЕ
Исто како и во традиционалното учење, наставата започнува со гледање однапред снимени видео лекции. Видеата се на располагање за неограничено прегледување за времетраење на обуката.

22. ПОВТОРУВАЊЕ
Веднаш по гледањето на видео лекциите, ученикот се обидува самостојно да ги повтори презентираните операции. Тоа го прави со помош на истата апликација и датотеките со кои се снимени видео лекциите.

33. ПРИМЕНУВАЊЕ
Стекнато знаење ученикот го применува работејќи посложени задачи, градејќи го на тој начин своето online портфолио. Задачите ученикот ги изработува самостојно, а потоа ги доставува до својот ментор.

44. МЕНТОРИРАЊЕ
За сите нејаснотии на ученикот му стои на располагање искусен ментор за 1-на-1 консултативни сесии. Консултациите се изведуваат on-line, во термин меѓусебно договорен помеѓу ученикот и менторот.

55. ОЦЕНУВАЊЕ
Задачите и проектите се оценуваат од менторот. За успешно завршување на обуката и стекнување сертификат ученикот потребно е правилно да има изработено најмалку 80% од зададените задачи.
За успешно следење менторска настава на далечина, потребно е да се поседува персонален компјутер со звучници и микрофон и интернет конекција.
Наставата ќе започне на 1 април 2022, по претходно добивање на корисничко име и лозинка. Наставата ќе може да се следи во било кој дел од денот.
Обуката трае сé додека не ја завршите успешно. Рокот за завршување на обуките без натамошна доплата е 12 месеци. Со оглед на тоа што на Еверест ќе учите со динамика и распоред кои вие самите ќе си ги определите, обуката можете да ја завршите и за пократко време.

Пристапот кон платформата за учење и менторската помош за првиот дел од обуката (стручната обука) е со траење од 12 месеци, а за вториот и третиот (обуките за наоѓање работа односно клиенти) 12 месеци по завршување на првиот дел.

По истекот на првите 12 месеци од почетокот на обуката дополнителен пристап и менторска помош се достапни со надомест кој изнесува 1500 ден за пристап од 30 дена и 1500 ден за менторство по курс.
Менторската сесија се изведува on-line во термин кој претходно ќе го договорите со вашиот ментор. За реализација на менторската сесија, од вас ќе се побара да инсталирате посебен софтвер за оваа намена. Во договорениот термин, по воспоставувањето на аудио-визуелната врска, вашиот ментор ќе има можност да го гледа вашиот екран (по потреба и вие можете да го гледате неговиот екран) и да има контрола врз вашето глувче и тастатура што ќе му овозможи да ви ги објасни нејасните работи а вие ќе имате чувство како тој да се наоѓа до вас.
Ментори на курсевите се искусни професионалци кои зад себе имаат повеќегодишно искуство во областа за која се одбрани да бидат ментори.
Секој студент на Еверест добива индивидуална, 1:1 помош од менторот, што подразбира:
  • прегледување на предадените задачи,
  • добивање индивидуален фидбек,
  • 60 мин. по курс за индивидуални, 1:1 менторски консултации

Секој студент на Еверест добива свој:
  • ментор за техничката обука
  • ментор за кариерен развој
  • личен асистент

ОЦЕНУВАЊЕ

Да, по успешното завршување на обуката се добива диплома. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи за секое поглавје од секој курс. Доставените домашни задачи потребно е да бидат правилно изработени, во спротивно нема да бидат прифатени и ќе мора да се преработат и достават повторно.
Стекнатото знаење се проверува систематски во текот на целиот курс со проверка на изработените домашни задачи и/или проекти.
Не. На Еверест немаме класични испити туку ја оценуваме вашата практична работа. За да добиете сертификат потребно е да успешно да имате изработено минимум 80% од предвидените домашни задачи за избраниот курс.

РАБОТА & ФРИЛЕНСИНГ

Со оглед на тоа колкава е побарувачката за позициите за кои Еверест има студиски програми, шансите за вработување се повеќе од одлични. Голем број слободни работни места има кај нашите партнери, а уште поголем е бројот во странство.
По завршувањето на студиите имаш (барем) три опции:

1. да се вработиш кај некој од нашите партнери
2. да работиш како фриленсер за клиенти од целиот свет
3. да започнеш свој бизнис
На Еверест им помагаме на своите студенти на повеќе начини:
  • прво, им обезбедуваме 2 дополнителни сета обука:
    • Наоѓање работа (за оние кои сакаат да се вработат),
    • Наоѓање клиенти (за оние кои сакаат да работат како фриленсери),
  • им помагаме да го подготват своето прво портфолио, CV, мотивациско писмо, LinkedIn профил,
  • ги информираме партнерите за сите студенти кои ги завршиле студиите,
  • објавуваме огласи за работа на нашите партнери на кои студентите можат да аплицираат,
  • им ги испраќаме по e-mail сите огласите за работа кои ги добиваме од нашите партнери.
Исто така, на блогот на академијата објавуваме интересни текстови за фриленсинг кои ќе ви помогнат и сами да си најдете работа надвор од границите на Македонија. Се’ што треба е само добро да се подготвите, т.е. да ги стекнете знаењата и вештините кои ги бараат работодавците.
Нема од што да се плашиш. Кога ќе имаш испитна сесија може да паузираш со праксата и да продолжиш подоцна. Најважно од сé е да ја сфатиш важноста на времето и да научиш како да го планираш. Со добро планирање, сé е можно.
Одлично. Тоа значи дека тие предмети ќе ги положиш многу полесно. Теоретското знаење што ќе го добиеш од предавањата на твојот факултет ќе ти бидат добра основа која ќе ја надградиш, усовршиш и продлабочиш работејќи на конкретни задачи и проекти. Конечно, една од целите на праксата е наученото на факултет да го примениш во реалноста.

Имаш прашање но не најде одговор на него?


Испратете ни го твоето прашање на contact (at) everest.mk и ќе ти одговориме во најкус можен рок.