fbpx
Специјален попуст за нашите нови детски курсеви. Добијте 30% попуст при регистрација

Бренд амбасадорите се клучот на успехот на Еверест. Како иден бренд амбасадор ќе бидеш одговорен за промоција на нашата академија и студиските програми помеѓу твоите пријатели во време кое тебе најмногу ти одговара. Ќе ти помогнеме да научиш како тоа да го правиш успешно и ќе те наградиме за твојот успех!

 

 

Што е главната задача на бренд амбасадорот?

Како наш бренд амбасадор, ќе бидеш одговорен за промоција на веб академијата Еверест во рамки на твојата заедница. Ние ги оспособуваме студентите за добро платени работни места и им помагаме да се вработат, а ти ќе ги запознаеш твоите пријатели со овие можности.

Што добива бренд амбасадорот?

Пари и обуки! Кога твојот пријател ќе се пријави на студии на нашата академија ќе му одобриме 10% попуст на редовната школарина. Штом ја примиме неговата уплата, тебе ќе ти исплатиме 10% од уплатената сума и тоа 5% во кеш + 5% во поени за обука по твој избор.

Обука и поддршка. До резултати се доаѓа како резултат на добра подготовка. Прво ќе те обучиме за се’ што е потребно а потоа ќе ти дадеме поддршка секогаш кога ти биде потребна.

Одговори на најчесто поставувани прашања

За да станеш наш бренд амбасадор основен предуслов е да имаш успешно завршен барем еден курс на нашата академија (вклучувајќи ги и бесплатните).
Лесно. За да станеш бренд амбасадор прво треба да ја пополниш пријавата а потоа успешно да ја завршиш обуката. Не грижи се, не е ништо комплицирано 😉
Да. Пред да почнеш со активности како бренд амбасадор, неопходно е прво да поминеш една кратка обука.
  • Дали некогаш со воодушевување со зборувал со твоите пријатели за некое твое искуство од некој настан или случка?
  • Дали некогаш некому си му препорачал нешто што сметаш дека е добро, вредно, забавно, корисно или пак може некому да му донесе одлична заработувачка?
  • Дали некогаш си ги поканил твоите пријатели на интересен настан?
  • Дали некогаш си споделувал интересни работи со твоите пријатели на социјалните мрежи?

  • Ете, тоа е она би требало да го правиш со твоите пријатели и со секој што сметаш дека би имал корист од нашите студиски програми.
1. Познавање и разбирање на маркетингот
Не е потребно да имаш завршено на факултет за маркетинг, но ќе ти биде полесно доколку ги разбираш основните маркетинг принципи. Бренд амбасадорот (БА) треба да биде способен да ги проследи информациите до вистинската публика, на вистински начин и во вистинско време. Тоа понекогаш значи дека треба да даде одговор на поставени прашања, или можеби да се вклучи во дискусија на онлајн форум.
2. Висок степен на професионализам
БА ја претставуваат академијата, зборуваат за неа и нејзините услуги, ги инспирираат и поттикнуваат соговорниците и со сето тоа влијаат на тоа како јавноста ја доживува академијата. Тоа подразбира дека треба да бидат одлично информирани за сите аспекти на брендот, да ги делат нашите вредности и да бидат наши верни фанови.
3. Природни лидерски способности
Помисли за момент на луѓето од кои ти бараш препораки. Тоа се луѓе кои се експерти во одредена област, но ти го бараш нивното мислење бидејќи зрачат со доверба и позитивност, поради што си привлечен и сакаш да ги слушаш.
4. Пасија за градење и развивање односи
БА не се типични продавачи кои се трудат да направат што е можно повеќе еднократни продажби. Тие постојат за да негуваат цврсти, лојални и долготрајни врски помеѓу студентите и академијата. Тие не само што се добро запознаени со услугите кои ги нуди академијата туку имаат способност за длабоко поврзување со други во наше име.
5. Способност за прибирање фидбек и обезбедување иновативно согледување
БА прибираат фидбек и сугестии а потоа треба да достават идеи и препораки за подобрување на услугите, со што помагаат академијата секогаш да биде чекор пред другите.
Не постои такво ограничување. Во било кој град (или држава) да живееш, сé додека имаш желба да бидеш наш соработник, можеш слободно да се пријавиш.
Колку што сакаш и кога сакаш. Ова е активност која може да ја правиш во твоето слободно време.
Одлично. Во тој случај ќе треба да ни ги доставиш податоците од твојот пријател на начин кој е објаснет во обуката за БА. Кога твојот пријател ќе посака да се запише на студии (или на поединечен курс), за да го добие попустот ќе треба да се повика на тебе, односно да го наведете твоето име, презиме и e-mail. По проверката на податоците ќе му го одобриме ветениот попуст, а штом тој ја уплати школарината (намалена за попустот), на твојата сметка ќе ја префрлиме наградата.
Готовинскиот дел се исплаќа еднаш месечно, на трансакциска сметка, додека поените за обука ти стојат на твојата сметка сé додека не избереш курс по своја желба.
Поените за обука не може да се заменат за пари но ако сакаш можеш да ги подариш некому.
Наградата која ја добива бренд амбасадорот изнесува 5% во готовина плус 5% во поени за обука. Тоа изнесува: [table class="table table-striped" colwidth="40%|10%|10%|10%|10%|10%"] студиска програма,курсеви,редовна школарина,школарина со попуст,готовина,поени,вкупно Front-end девелопер,13,68.902,62.012,3.101,3.101,6.201 Front-end девелопер (скратена),7,37.607,33.846,1.692,1.692,3.385 Back-end девелопер,13,71.732,50.212,3.228,3.228,6.456 Back-end девелопер (скратена),5,28.580,64.559,1.286,1.286,2.572 Веб дизајнер,23,115.623,104.061,5.203,5.203,10.406 Веб дизајнер (скратена),13,70.700,63.630,3.182,3.182,6.363 UX дизајнер,12,64.654,58.189,2.909,2.909,5.819 UX дизајнер (скратена),5,29.083,26.175,1.309,1.309,2.617 WordPress администратор,10,55.688,50.119,2.506,2.506,5.012 WordPress администратор (скратена),7,45.631,41.068,2.053,2.053,4.107 [/table]